Ако си успешен, си надмен, ако не, тогаш си мизерен – Ќе те осудувааат и онака, па..?

Ако имаш од повеќе килограми, ќе велат дека си дебел/а, а ако ги изгубиш тие килограми, ќе мислат дека си болен/а! Ќе те осудуваат луѓето и онака…

Ако си успешен, мислат дека си надмен, а ако не си, тогаш си мизерен. Луѓето ќе те критикуваат и осудуваат и да си добар! Тогаш си наивен и глупав! Ако пак си строг, тогаш си луд!

Ќе те осудуваат посекако! Не регистрирај!

Ако се облекуваш убаво, ќе мислат дека си драматичен. Ако се облекуваш пак скромно, ќе те жалат. Е ако не те жалат, ќе те мразат. Подобро е второво!

И на строг пост ќе те осудат иако постат.

Ќе те осудуваат тие по секако! По секоја цена! И во пости пред гости, кога сакаат, со кого сакаат!

Штом покажиш гнев, ти си животно, ако пак молчиш, не знаеш ништо.

Ако си во брак, ќе те жалат што си во таа ,,гужва”!
Ако си сингл, ќе мислат дека си осамен и ти фали гужва.

Ќе те осудуваат тие по секако!

Секогаш ќе најдат влакно. Тие ќе ја најдат таа игла во снобот сено што ти отсекогаш си ја барал!

… И ќе те боцкаат со неа колку и да се менуваш и колку и да танцуваш по нивниот ритам.

Ќе те осудуваат луѓето и да си слаб и да си дебел. И да си маж и да си жена. И да сакаш и да не сакаш. Ќе те осудуваат зошто сакаш, а ако не сакаш, ќе те тераат одново.

И тие никогаш не знаат што прават. Не се свесни! Не сме свесни! Никој од нас не е свесен! Затоа што сме луѓе. А луѓето осудуваат! Понекогаш без да знаат, а понекогаш и намерно. Она што е интересно, е што нема ни да се сеќаваат што ти рекле. А ти ќе се сеќаваш и ќе им нудиш ѕвезди на нивниот камен. Ќе им нудиш софра на нивното одважно и студено ,,Дојдов и што сега?”… И што?