Најдоброто пилешко гиро од рерна

пилешко гиро

Најдоброто пилешко гиро од рерна, лесно се прави. Вкусот му парира на оној од грчката кујна. Секогаш може да го ставите во тортилја со салата.

1 кг. пилешки батаци и батаци без коска и кожа

3 супени лажици грчки јогурт

4чешниња лук

1 лажица маслиново масло

сок од еден лимон

3 лажици зачини за грчко гиро

пилешко гиро

Ставете го пилешкото, маслото, јогуртот, лукот, сокот од лимон и зачините за грчко гиро. Ова последното е неизбежно. А, како поинаку би му парирало ова пилешко гиро на она од грчката таверна?

Оставете да маринира во фрижидерот најмалку еден час. Следната постапка е загревање на рерната на 200 степени, целзиусови, се разбира. Пилешкото месо, убаво се реди на плехот и се печи 30 до 40 минути. Кулинарските мајстори би рекле „печете додека не добие златна боја.“

Служете го топло во тортилја или во вашето омилено лепче со фантастична салата од свеж зеленчук. Тоа е тоа. Уживајте!

извор