Како зборува телото?

Тајните на говорот на телото се однесуваат на начинот на комуникација преку невербални сигнали кои се  испраќаат преку него. Телесниот јазик ги открива вистинските намери, емоции и ставови.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе околу оваа ,,проблематика” на која едвај и обрнуваме внимание, а всушност може да зборува и открие многу за вас како личност. И да! Начинот на кој вашето тело зборува, понекогаш може и да ве издаде!

1.Гестови и покрети

Склопените раце и наведнатата глава сигнализираат незаинтересираност и несогласност со одредена тема на разговор, додека пак директниот поглед во соговорникот и раширените раце покажуваат отвореност и прифаќање.

2.Израз на лицето

Изразот на лицето открива  емоции и настројби.

3.Поставка на телото

Исправена позиција со подигнати гради покажува моќ и сигурност, додека наведнатото тело и спуштените рамења покажуваат незаштитеност и несигурност.

-Ако се наслонувате на столица, чувствителни сте, внимателни и аналитични;

-Ако се наведнувате нанапред, љубопитни сте, несебично делите комплименти и отворени сте за нови познанства;

-Ако седите со споени нозе, педантни сте, искрени и комуникативни;

Ако седите со прекрстени глуждови, имате лидерски способности;

Ако нозете ви се една преку друга, помалку сте срамежливи и затворени;

Ако рацете ви се прекрстени на градите, вие сте сериозни и карактерно силни;

Ако дланките ви се помеѓу нозете, нежни сте и добронамерни;

4.Допир

Физичкиот допир како нежен и пријатен покажува прифаќање и поддршка, грубиот допир, отфрлање и несогласност.

Очите се огледало на душата. Длабокиот и продорен поглед покажува самодоверба и директност, одвраќањето на погледот покажува непријателство или лажна изјава.  

Вредно е да се напомене дека говорот на телото може да се разликува меѓу културите и личностите и може да биде интерпретиран во контекст со другите комуникациски сигнали. Еден знак може да има различно значење во различна ситуација и затоа треба да се користи со дискреција и внимание.