Придобивките од растението лаванда се неспорни
Традиционален лек за ублажување на главоболка, лек за несоница, стомачни проблеми. Лавандата е исто така лек за настинки и инфекции на респираторниот тракт, а се вели дека е и одична и придонесува за подобро варење и исфлање на токсините.
Во ова гатрономско издание, ви ја препорачуваме лавандата како составен дел на еден вкусен и ладен пијалок кој додава уште една придобивка во збирот придобивки од ова растение. Лавандата е идеална за ладно лате. Прочитајте го ексклузивниот рецепт подолу во текстот и уживајте во необично искуство.
За сирупот, потребно ви се:
Половина чаша шеќер
Половина чаша вода
Две лажички сушена лаванда за консумација,
Два цветови свежа лаванда
Поливина стапче ванила
Во друг сад, ставете:
2 децилитри млеко(кокос или бадем)
Две еспреса
Две лажици од претходно подготвениот сируп
Свежа лаванда за декорација.
Уживајте!
Нешто повеќе за лавандата
Потекнувајќи од семејството Lamiaceae, лавандата е род на цветни растенија кој опфаќа околу 50 видови.
Таа е типична медитеранска билка, иако се одгледува и на повеќе места. Лавандата може да се најде во Азија, Северна Америка и источна Африка.
Ова прекрасно растение има прекрасна и интензивна виолетова боја, фантастичен мирис, а има и одлични вкусови и мноштво лековити карактеристики.