„Крцкав леб со пармезан“ е рецептот кој секогаш се појавува кога ќе ви се испразни кујната.
Италијаните ги викаaт брускети, а ние не ни знаевме оти ти било специјалитет. Со нашиот „Крцкав леб со пармезан“, претворете ја таа ситуација во уникатно кулинарско искуство. Кога немате ништо освен парче леб, еден заборавен пармезан во фрижидерот, две јајца и една шолjа млеко, време е за креативност!
Во основа, ова е рецепт за генијалниот третман на „празна“ кујна. Сега, каде е Џејми Оливер, кога ви треба? Во секој случај, нема проблем. Нема ни да има.
Ние, балканците, сме „креативни куќни мајстори“. Ви го претставуваме ова крцкаво издание кое ќе го направи вашиот стомак среќен.
Прво, исечете го стариот леб на парчиња, изматете ги воздушесто јајцата и млекото. Во меѓувреме, отворете го повторно фрижидерот и ѕирнете! Со веројатност од 99.9%, ќе најдете и чаша, заборавена павлака. Сигурно не е расипана!
Откако ја „скениравте“ павлаката, додајте ја во изматената смеса.
Дури потоа, пармезанот. Сол и црна пипер за крај. Е тоа го имаме. И уште, ако имаме лукче, би било идеално. Лебните парчиња натопете ги во водената смеса, од двете страни. Пржете ги на врело масло, две до три минути од секоја страна. Кога сме кај маслото, ако немате ново неотпакувано шише, голема е веројатноста да имате мало „маслено количество“ во неотпакуваното шише. Доволно. Ако „случајно“ нема и таму, „сто посто“ исто толкава количина масло, останала во тенџерчето во кое го пржевте помфритот вчера! Така? Така ами како!
Пред сервирање, посипете го со сол и црна пипер. Ама ако сакате посолено, позабиберено, позачинето, потрудете се следниот пат, барем зачините да ги обезбедите. Во спротивно, уживајте во овој вкус. Во секој случај, премногу „прстофати“ сол и зачини му штетат на здравјето.
Ете така, како кулинарен нинџа, си го спасивте денот со уникатен, креативен пристап. И не му замерувајте на авторот. Не е ништо лично. Ова е можеби саркастичен израз на „нај тазе револт“ кон „тазе“ поскапените намирници на зелениот пазар и во маркетите. На овие наши простори, се разбира. Ама што да се прави освен да се ужива во „Крцкав леб со пармезан“. Види, види и пармезан имало! Добро е. Пријатен апетит!
пишува Ромина Марковска