Шармантни декорации и вкусот на Октомври во десертно уживање Есента е инспирација од секој уметнички аспект. А бидејќи, според нас гастрономскиот универзум е уметност, есента или конкретно месец Октомври е најромантичниот и инспиративен месец. Се разбира за правење есенски колачиња.
Обично сме навикнати на декорации на божиќни колачиња и токму во тие празнични денови ја „собираме цела екипа“ или најмладите членови во семејството. Но, зошто да не е празник и во октомври? Во продолжение погледнете ги овие фантастични декорации и инспирирајте се за денови полни со хармонија и поетичност што мириса на октомвриски вкусни колачиња кои прво ќе ги изедете со очи.
Во продолжение погледнете како да декорирате и да создадете прекрасни креации и есенски колачиња.