Кејт Мидлтон и нејзиниот рецепт за совршена летна салата

Кејт Мидлтон

Кога жештината станува неподнослива, Кејт Мидлтон ни нуди освежувачка опција. Познато е дека оваа жена инспирира следејќи ги здравите избори и навики.

Нејзината специјална салата од лубеница е повеќе од само оброк на вкусови и свежина. Салатата на Кејт Мидлтон  го одразува нејзиниот пристап кон здрава исхрана.

Инспирирани од  нејзиниот уникатниот рецепт, создадовме наша верзија на оваа салата. Ги комбиниравме најдобрите состојки и донесовме „дупло“ задоволство на нашата летна масичка.

Состојки од рецептот на Кејт Мидлтон

-мала лубеница или неколку сочни кришки од поголема – за освежителна и слатка основа

-1 парче фета сирење – солен контраст на сладоста

-½ краставица – за крцкавост и свежина

-1 авокадо – за кремаста структура

-2 лажици јаболков оцет – за свежа киселост и живост

-1 лимета – за цитрусен допир

-2 лажици маслиново масло – за длабок и богат вкус

-1 шака свежо нане – за неверојатна арома

-сол и бибер – по вкус, за израмнување на вкусовите

Наша верзија

Кејт Мидлтон и нејзиниот рецепт за совршена летна салата

-1 мала лубеница (излупена и исечена на коцки) – за освежителна и слатка поставка

-15 маслинки – за вистинско медитеранско доживување

-150 грама тврдо сирење (сечено на коцки) – за контраст на сладоста

-1 чаша свежи листови од рукола – за арома

-¼ сончогледово масло – за богат вкус

-2 до 3 лажици сок од лимон – за цитрусна свежина

-1 до 2 лажици мед (по желба) – за дополнителна сладост

-100 гр. ореви – за крцкава текстура

-сол и бибер по вкус – за финалана завршница

Упатство: подгответе ги состојките – излупете, исечете, промешајте и комбинирајте. Додајте арома со свежо нане, посолете и побиберете според вкусот. Оставете ја салатата да се излади пред да ја сервирате. И не заборавајте: додадете свој личен допир инспириран од креативноста на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Независно дали тоа ќе биде малку повеќе црн бибер или некој необичен декор, Внесете го својот стил и создадете кулинарско дело кое ќе ги воодушеви сите.

Сервирајте со насмевка и уживајте во моментот. Со секој залак ќе почувствувате како се пренесувате на медитеранскиот брег. Ова е совршен спој на свежина и вкусно уживање. Ќе го разубави секој оброк, било да е за интимна вечера или за пријатно друштво. Вашата креативност е клучот кој ќе ја претвори оваа салата во гастрономско задоволство.

извор