Јадете Колку Сакате за 30 Евра, но ако не изедете сè, ќе платите дополнително!

Јадете Колку Сакате за 30 Евра, но ако не изедете сè, ќе платите дополнително! Овој необичен концепт на семеен ресторан во Германија, брзо стана вирален за социјалните мрежи. Дебатата за свесното консумирање и фрлањето на храна, е отворена, а ресторанот поставува јасни правила:

„Јадете колку сакате за 30 евра во период од 90 минути,. но внимавајте на остатоците.“ Концептот ги предизвикува посетителите да размислат за нивните навики и свеста за животната средина,

jadete kolku sakate za 30 evra no ako ne izedete se ke platite dopolnitelno

Шефицата објаснува: „Ова е сè што можете да изедете, а не сè што можете да нарачате.“

Правилото предизвика бура реакции на TikTok со над 4,6 микиони прегледи:

Позитивни: „Одлично решение против отпадот од храна!“

Негативни: „Ако нешто не ми се допаѓа зошто би го изел?“

Што можеме да научиме?

Концептот ја промовира одговорноста и свесното консумирање, намалувајќи ја храната која завршува во ѓубре. Овој стандард го има и во многу ресторани за суши.

јадете колку што сакате за 30 евра но ако не изедете се ќе платите дополнително

Јапонците, познати по својата дисциплина и длабока свесност за природата, ги интегрираат овие вредности и во гастрономските искуства. Поставената норма во јапонската култура не само што го намалува расфрлањето на храна туку и ги охрабрува посетителите да го ценат трудот што стои зад секое парче суши, што е уметност сама по себе.

Дали би функционирало ова кај нас?

Дали ваков ресторан во Македонија би бил прифатен? Или би создал повеќе фрустрации отколку придобивки?

Споделете го вашето мислење во коментарите!