Не молчете само за да не ги изгубите! – Правила на среќа!

Колку пати сте им простиле само затоа што не сакате да ги изгубите?

Сте замижале само затоа што не сакате да ставите крај?

Колку пати сте плачеле во тишина и сте молчеле за да не влезете во конфликт?!

… И на крај, излегува дека компромисот е попуштање на едната страна кон другата.

Попаметниот попуштал, па ајде нека биде уште оваа шанса. А потоа една и уште една и така до бескрај. Се дури срцето со милион лузни не го исечете и еден ден не сфатите дека ништо нема од него. Дека е уморена оваа душа да живее за другите. Внимавајте да не е доцна за калемење, да не е доцна да го ковате железото, затоа што еден ден нема да биде жешко, а вие ќе бидете само еден носталгичен ретро симбол на она што некогаш било. Или тогаш и ,,ретро” ќе биде премногу добро! А ќе биде ли повторно нешто од вас после толку дадени шанси? Ќе биде ли пак нешто од нив!?

Затоа, не молчете само за да не ги изгубите оти на крај вие ќе бидете изгубениот!