И ти имаш право на свое право! -Тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си

И ти имаш право да се спротивставиш на се она што не е во согласност со твоето мислење.

Не ги премолчувај нештата што крајно те иритираат и провоцираат  и те прават да се чувствуваш нервозно и напнато.

Не дозволувај да бидеш нешто што навистина не си. Кажи го своето мислење гласно и транспарентно без доза на страв и  секако со смирен тон и спикерска дикција. 

По никоја цена не го прифаќај она што си сигурен дека е погрешно, па макар и сите други да го кажуваат и прават спротивното. И ти имаш право да бидеш сосема свој и запомни: тие што те сакаат ќе те сакаат таков каков што си, иако не се согласуваат со тебе.  Почитта е повеќе од присутна само во отсуство на сечие и секакво одобрување од твоја страна, се разбира.

Искористи го своето „ право на право“.