Џејсон Момоа во „барби издание“ – А сепак, жените полуделе!
Филмскиот фестивал во Венеција изгледа дека е уште едно место каде холивудските мега ѕвезди си го „тераат“ шоубизнисот. И кога сме кај таа страна на приказната… Настрана од филмови, критики и осврти… Што се случува со модниот свет и дали, можеби – ама само можеби – треба да постои некоја граница?

Имено, овој пат Џејсон Момоа решил малку да „откачи“ во тој поглед и се одлучил за пинк издание, или, како што медиумите знаат да го наречат, „Барби“ издание. И не е тоа необично, туку лакираните нокти. Момоа е познат по неговите екстравагантни комбинации, но лакирани нокти? И тоа розови?
Сепак, како што целиот свет зборува, веројатно тоа воопшто не ги сопира жените да полудуваат по овој мегапопуларен актер. Со традиционално раскопчана бела кошула, розов костум и сандали во иста боја, Момоа веројатно ја постигнал целта и ги предизвикал папараците да се фокусираат на неговиот стајлинг – актерот е во главниот фокус.
