„Секој кој не верува во чуда не е реалист.“ – Одри Хепберн со цитати што ќе ве остават без здив

audrey hepburn цитати


Одри Хепберн , големата британска филмска и модна икона на екранот од класичното холивудско кино низ инспиративни цитати доловува вонвременска мудрост.

„Париз е секогаш добра идеја.“

„Да бидеме искрени, кремастиот чоколаден колач прави многу за многу луѓе. Мене секако ми прави.“

„Многу повеќе можете да кажете за некоја личност на база на она што таа го зборува за другите, отколку на база на она што другите зборуваат за неа.“

„Јас бев среќна. Можностите не доаѓаат многу често. Затоа кога ќе дојдат, зграпчете ги.“

„Сѐ што научив во животот, го научив од филмовите.“

„Ако треба да бидам искрена , ќе ви кажам дека сѐ уште читам бајки. И ги сакам повеќе од сѐ останато.“

„Мојот живот е многу повеќе од бајка. Имав и тешкотии , но секогаш кога ќе ги надминев , на крајот добивав награда.“

„Запомнете, ако некогаш ви е потребна дланка за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе , а втората да им помогнете на другите.“

„За прекрасни очи – гледајте го доброто кај другите, за прекрасни усни – зборувајте само добри зборови, а за достоинство – движете се знаејќи дека никогаш не сте сами.“

„Решив уште многу одамна да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекував да направи нешто посебно за мене, но сепак постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Скоро секогаш тоа се случуваше кога воопшто не барав.“

„Верувам во розите. Верувам во љубењето, во многу љубење. Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и…Верувам во чуда.“

„Обожавам луѓе кои се смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.“

„Зошто да се менувате? Секој има свој стил. Ако сте го пронашле треба да се држите до истиот.“

„Еднаш ја слушнав оваа дефиниција: Среќата е здравје и кратко памтење. – Би сакала јас да ја измислев, затоа што е многу точна.“

„Секој кој не верува во чуда не е реалист.“