Варено вино, арома на цимет, каранфилче и цитрус – Ова се најдобрите 2 рецепти

варено вино

Чаша што мами насмевка! Зимата не е комплетна без топлата прегратка на чаша варено вино, збогатено со аромата на цимет, каранфилче и цитрус.

Ви претставуваме два рецепти за ова класично зимско задоволство –еден со црвено и еден со бело вино. Оваа зимска чаша варено вино ќе ја наполни вашата куќа со празничен мирис.

Варено црвено вино

Состојки:

1 литар црвено вино

200 мл вода

1 лимон (на парчиња)

2 стапчиња цимет

2 зрна каранфилче

2 парчиња анис

3 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете го виното, шеќерот, виното, зачините и парчињата лимон.

Загрејте на средна температура додека чеќерот не се растопи. Избегнувајте вриење.

Ставете капак и оставете го пијалокот да одмори околу еден час за да се соединат вкусовите.

Пред сервирање, повторно загрејте. Послужете топло во шолји.

Варено бело вино

Чаша варено вино

Состојки:

2 литра бело вино

100 мл вода

Сок од 3 портокали

7 лажици шеќер

1 стапче цимет

6 зрна каранфилче

Начин на подготовка:

Исцедете го сокот од портокалите и ставете го во тенџере заедно со белото вино, шеќерот, циметот и каранфилчето.

Загрејте додека не почне да врие, потоа намалете ја температурата и оставете да крчка уште 15 минути.

Послужете топло, украсено со парчиња портокал, ако сакате.

Совети за совршен резултат:

Приспособете ја слаткоста според вкусот на виното што го користите.

Експериментирајте со зачини: ѓумбир, кардамон или морско оревче додаваат уникатен шмек.

Украсете го пијалокот со свежи парчиња лимон или портокал за дополнителна естетика.

Вареното вино е идеално за празнични моменти, интимни вечери или кога само сакате да уживате во магијата на зимата. Пригответе го, споделете го со саканите и препуштете се на топлината и празничниот дух!🍷

извор