Божиќни колачиња – совршен рецепт

Најубавите божиќни колачиња – Совршен рецепт во кој ќе ужива целото семејство

Традиционалниот рецепт за божиќни колачиња е составен и неминовен дел од менито за подготовка на божиќната трпеза или доаѓаат како прекрасен ,,десерт” на утринското кафе или чај. Уживајте во оваа празнична атмосвера и не чекајте да се случи, туку сами создадете ја. Подолу ви претставуваме совршен рецепт кој ќе му даде посебен шарм на празничните моменти.

Потребни состојки (пссст… кои ја прават магијата):

1 маргарин
200 грама шеќер во прав
3 јајца
250 грама мед
1 кафена лажичка канела
кафена лажичка мелено каранфилче
1 кафена лажичка сода бикарбона
900 грама брашно

Состојки за филот (за дополнителна магија):

1 белка
125 гр шеќер во прав
прехрамбена боја
лајче лимон

Подготовка:

Маргаринот изматете го со помош на миксер заедно со шеќерот во прав. Потоа едно по едно додадете ги јајцата и медот. Во сето тоа додадете ја канелата, меленото каранфилче, сода бикарбона.

Замесете ја смесата заедно со брашното и на крај важно е да добиете т.н. средно тесто кон тврдо. Можете да печете во модла или да направите мали топчиња, но штом сме кај празниците, најубаво е со помош на посебни калапчиња да направите божиќни фигури, елка, снешко, ликот на Дедо Мраз, ѕвездички, лампиони и т.н.

Откако ќе ја изматите со миксер смесата за филот, одберете ги конкретните бои кои ви се потребни за декорирање на колачињата.

Поделете ја смесата и со помош на прехрамбените бои создадете ги посакуваните нијанси одделно. Најлесно е да употребите готварски шприц, а понатаму се останува во рацете на вашата креативност.

За крај,  не заборавајте да ја дадете посебната состојка – љубов, божиќен дух и убаво расположение во атмосфера каде детските рачиња ќе се приклучат во готвењето.