Bots & Posts во Загреб-првиот ресторан во светот со храна направена од роботи

restoran robot Bots & Posts

Bots & Posts во Загреб е првиот ресторан во светот со храна направена од роботи. Bots & Posts, ресторанот на роботите го менува вашиот кулинарски свет.

Вие одбирате меѓу црното рижото и њоките со пилешко или тартуфи? Октопод, гулаш или кари од морска храна? Сега, сите овие вкусни опции се на располагање во Bots & Posts во Загреб, првиот ресторан во светот каде што роботите го приготвуваат вашето јадење.

На менито на овој уникатен ресторан има 70 можни опции, секоја вкусна и внимателно приготвена од роботи во кујната. Проектот изнел седум години на реализација и преку 1 милион евра инвестиции. Резултатот е впечатлив-идеална комбинација на вкусови што ги задоволуваат клиентите.

Bots & Posts е вистински иноватор, нудејќи храна приготвена со свежи состојки и без никаков човечки контакт. Ресторанот претставува футуристичка кулинарска авантура.

Секој оброк се подготвува од страна на пет готвачи-роботи кои можат да произведат по четири оброци за само 15ет минути. Од црно рижото до тајландско кари, Bots & Posts нуди најразлични вкусови за гурманско уживање.

И додека роботите во кујната се грижат за вашиот оброк,  се добива автоматизирано искуство  на нарачка и плаќање. Одговорните веќе размислуваат за трансформација на концептот во франшиза што би сугерирало на отворање пат за повеќе роботизирани ресторани низ светот.

Bots & Posts

Со роботите како главни кулинарски уметници, можеби машините треба да започнат со персонални консултации за професионален развој? Готови сме ние луѓето! Откако ќе ни ги превземат рестораните што е следно? Можеби ќе има свечено отворање на кафулиња на Марс?!