За секој ден да ви биде организиран, хармоничен, успешен , почнете од само едно утро на приоритети кои ќе бидат само ваши. Стартувајте со давање приоритети „на себе.“ Здрава и „лична“ благосостојба нема да доведе до нарцизам. Всушност таа ќе доведе до коегзистенција каде се подразбира дека она што се нарекува „битие“ во суштина би се дефинирало како „да биде и да го оставиш да биде.“
Во тоа „прво утро“, извадете ја „комплетната верба во сопствените внатрешни ресурси“ на виделина. Веројатно во голем дел сте самосвесни за нивното постоење, но некаде длабоко во вас сте ги сокривале во потполна темница. Ако пак не верувате дека ги имате, се лажете. Барајте ги, секако ќе излезат на површина.
Не обидувајте се да создавате внатрешен дијалог низ „самокритичност и себеобвинување. „Тоа би го нарушило личното растење на самиот почеток. Престанете да му бидете непријател на вашето битие. „Моментално“, апстрахирајте ги стравовите „и не ги служете со чај.“
Бидете му пријател на животот и ќе ве научи! Ќе дознаете колкава преубава енергија има во вас. Дозволете да се создаде чувство на рамнотежа во вас кое ќе ја возобновува вашата енергија.
Вие само бидете добри со самите себе, а потоа со другите.