Ѓорѓе Балашевиќ – Легендарно име во музичкиот уметнички свет! – Цитати

Балашевиќ

На вчерашен ден пред три години, почина Балашевиќ. Грандиозно автентично име кое остави длабок печат на музичката и поетска сцена. Светот ќе го памети по неговите реплики кои соопштуваа цели приказни. Со длабока емоција и некоја „тивка“, а истовремено и толку гласна продуховеност.

Маестралниот Ѓорѓе Балашевиќ, можеби не е физички присутен меѓу нас, но ќе остане да ѕирка и веројатно блеска низ неговите стихови. Прочитајте и потсетете се на едни од најдобрите цитати на големиот уметник, текстописец, емотивец и грандиозен талент.

Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ деновиве масовно ги споделуваат неговите песни, на интернет. Ќе започнеме од еден од најпопуларните култни цитати. Тогаш имал само 16-годишни и еве што напишал: „Ќе се родам повторно. Јас не сум од оние кои умираат еднаш засекогаш“.


Потоа стиховите се нижеа, а публиката будно и со апетит за уште многу, го длушсше Балашевич:
„Се вљубувате затоа што вам ви е потребно, а сакате затоа што на некој друг му е потребно“.

„Постојат милион градови во кои можете да одите, но само еден на кој можете да се вратите“.

„Некои победи се добиваат на офанзивата!“

„Кога навистина се грижите за некого, нивните грешки не ги менуваат вашите чувства, затоа што умот се лути – но срцето сепак се грижи“.

„Очигледно, гледавме на светот од различни точки. Или гледавме на различни светови од иста точка?“

„Остана една книга со неколку непрочитани страници и некои предметчиња од херенди порцелан и еден џемпер кој ти го носеше.“

  „Јас и понатаму го чекам твојот повик. Порака. Извинување. Нешто што ќе нè спои повторно.“

„Така тоа оди: најпрво некому нешто простуваш, а потоа си простуваш себеси што си му опростил.“

„Има многу луѓе кои од мене повеќе заработувале, но нема многу кои од мене повеќе потрошиле.“

Во продолжение, уживајте во еден од неговите хитови што долго ќе се памети.